Радио Милева

По враќањето на музичката сцена, Александра Пријовиќ направи промена (видео)

По враќањето на музичката сцена, Александра Пријовиќ направи промена (видео)
фото: ана паунковиќ

Александра Пријовиќ се врати на музичката сцена, па многумина ги изненади со својата одлука.

Имено, таа претходната година се омажи за Филип Живојонивиќ со кого неодамна го доби синот Александар.

Пријовиќ по породувањето се врати на музичката сцена и неодамна ја издаде песната „Непоновљиво“.

Иако претходно под песните се потпишуваше како Александра Пријовиќ сега се потпишува само како Александра.

фото: Принтскринјутуб

„Александра е свесна дека сите ја препознаваат по презимето Пријовиќ, но сега откако се омажи за Филип, одлучи под песните и видео записите да  се потпишува само со името.Оваа одлука ја подржаа нејзините најблиски, а бидејќи за кратко време стана една од најпознатите пејачки, веруваме дека оваа одлука нема многу да влијае“ вели извор близок на пејачката.