Радио Милева

По толку дена и години, Нина Бадриќ конечно во Скопје (фото)

По толку дена и години, Нина Бадриќ конечно во Скопје (фото)

Хрватската дива Нина Бадриќ, во Македонската филхармонија синоќа го одржа својот прв солистички концерт.

„Добро вечер Скопје. Многу ми е драго што ќе пеам тука. Ние неколку пати се обидувавме да одржиме концерт, но еве конечно се случи“, изјави Нина на почеток на концертот.

„Дани и години“, „Чаробно јутро“, „Додири од стакла“, „Ја за љубав те нечу молити“, се некои од хитовите кои ги отпеја пејачката заедно со присутните во салатa.

„Јас се чувствувам прекрасно, исто како да има 15 000 луѓе“, кажа Нина.

На крајот, пејачката се заблагодари за преубавата вечер и потенцираше дека нема да го заборави Скопје и наскоро ќе се врати.

Таа го заврши концертот со нејзината популарна песна „Такве као ти“, а публиката ја врати на бис и пејачакта ја отпеја песната „Да се опет теби вратим“.

фото:Христина Ѓоргиевска/вистина