Радио Милева

По теркот на светските ѕвезди: Татјана Лазаревска со концерт од својот дом ги забавуваше следбениците (видео)

По теркот на светските ѕвезди: Татјана Лазаревска со концерт од својот дом ги забавуваше следбениците (видео)
фото: Принтскрин/фб

Короната ги откажа концертите, тезгите, настапите на јавните личности ширум светот.

Па така наместо во некоја луксузна дискотека, сала, дворана, познатите од регионот и од светот пејат од своите домови.

Македонската пејачка Калиопи беше меѓу првите пејачки од нашата сцена која се вклучи во живо на социјалните мрежи и пееше со своите фанови.

Кога станнува збор за српската естрада, Лепа Брена од својот дом пее некој од своите хитови, а потоа ги објавува на социјалните мрежи. Додека пак нејзиниот колега Жељко Јоксимовиќ пред некој ден одржа концерт без публика во центарот на Белград.

Андреа Бочели пееше во празната катедрала во Милано.

Неодамна, повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Пол Мекартни, Лејди Гага, Килерс, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлип,  одржаа виртуелен концерт „Еден свет – заедно дома“ во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот.

Македонската фолкерка Татјана Лазаревкса повеќе од пет години заедно со семејството живее во Австралија.

фото: фејсбук

Татјана неодамна се вклучи во емисија на Сител во која што откри дека ситуацијата во Мелбурн не е толку страшна и нема толку ригорозни мерки како во Македонија.

Деновиве, Лазаревска повторно имаше обид да се вклучи во живо во емисија на веќе спомнатата телевизија, но поради технички грешки не успеа.

фото: фејсбук

Меѓутоа, пејачката одлучи да ја забавува публиката од својот дом, па се фати за микрофонот и направи мини концерт.

Како изгледаше тоа може да погледнете тука

 

Останати вести од Радио Милева