Радио Милева
покајание или утешение грешним?

По скандалот со химната, Тамара ги откажа концертите во Охрид и Прилеп: „Грешката при изведбата прерасна во вистински пекол!“

По скандалот со химната, Тамара ги откажа концертите во Охрид и Прилеп: „Грешката при изведбата прерасна во вистински пекол!“

Tамара Тодевска ги откажува своите настапи закажани за во Охрид и Прилеп. Оваа нејзина одлука следува откако наиде на остри реакции од јавноста бидејќи од химната на Македонија го исфрли значајниот дел  од строфата во која се вткаени имињата на македонските револуционери и Илинденци: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Јане Сандански…

За овој нејзин потег, таа и понатаму тврди дека било ненамерна грешка.

„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“-напиша Тамара, обраќајќии се на јавноста преку својот Фејсбук профил.

 

Останати вести од Радио Милева