Радио Милева

По сите пофалби, Антониа Гиговска доби и критики во „Пинкови ѕвездички – all stars“ (видео)

По сите пофалби, Антониа Гиговска доби и критики во „Пинкови ѕвездички – all stars“ (видео)
фото: принтскрин/јутуб

Во најновата сезона на „Пинкови ѕвездички – all stars“, настапуваат кандидати од претходните сезони, а меѓу нив и Антониа Гиговска.

Во досегашните нејзини претставувања на сцената на „Пинк“, Гиговска се покажа во одлично светло и добиваше само пофални зборови и коментари.

Жирито е воодушевено од нејзините интерпретации односно од нејзината појава на сцена.

Во последната емисија на музичкото шоу, Гиговска се претсави со песната „Као у сну“.

Освен пофалби за нејзиното пеење, таа доби и критика од Наташа Беквалац.

„Мислам дека првпат ќе ти упатам критика од кога настапуваш. Постои песна која првпат ја слушнав, а тоа е „Хајде онда ништа“, на која одлепив на твојата интерпретација и се ежев цело време. Тоа значи дека не треба да имам предзнаење за да ме допреш. Јас вечерва немам што да ти кажам, немам име за тоа што недостигаше, Мислам дека најмногу ми недостигаше тоа што го даваш за да ме растопиш. Денес, не ме допре, а не можам да ти најдам грешка“ вели пејачката.

фото: принтскрин/јутуб

Киа имаше пофални зборови за нашата претставничка во музичкото шоу.

„Не е ни чудо што секогаш добиваш пет гласа. И денес по мене, ти си единствена која доби заслужено пет гласа. Не ни беше нешто „вау“ затоа што не ја знаеме песната, но кога си ти знаеме дека ќе биде совршено“  изјави Киа Коцкар.

Милан Станковиќ истакна дека Антониа ќе биде голема ѕвезда и дека потполно е сеедно што ќе пее до суперфиналето.

Како Гиговска ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.