Радио Милева
Ги преминаа препреките или...?

По шпекулациите дека ја изневерува, Карлеуша се расплени со комплименти за Душко: „На здравје за човекот што никогаш не изневерува и понижува!“ (фото)

По шпекулациите дека ја изневерува, Карлеуша се расплени со комплименти за Душко: „На здравје за човекот што никогаш не изневерува и понижува!“ (фото)
фото:јелена карлеуша фан пејџ/инстаграм принтскрин

Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ се речиси секојдневна тема на медиумите. Имаше многу шпекулации за кризите во нивниот брак, но се чини дека тие успеаја да ги надминат сите предизвици или барем така прават да изгледа.

Јелена Карлеуша му пружи голема поддршка на нејзиниот сопруг, кога тој неодамна потпиша договор за турскиот клуб „Касимпаша“, а сега, судејќи според фотографиите на „Инстаграм“, отпатува за Истанбул за да му прави друштво на сопругот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

– На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, одличен спортист. На здравје за човекoт кој никогаш не изневерувал, понижувал или некого засрамил. Никој, никогаш. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади.Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: Никој не може да те извалка, Душко, нема толку ѓубриња со лоши намери и лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство, напиша таа на социјалните мрежи во прилог на заедничката фотографија.

 

За потсетување, деновиве на големо се шпекулира дека Ана Јовановиќ е љубовницата на Душко која престојувала во неговиот хотелски апартман, пред таму да пристигне неговата сопруга Јелена Карлеуша.

Останати вести од Радио Милева