Радио Милева

По седум месеци Дарко Лазиќ го закажа својот прв настап, а еве колку му порасна цената по сообраќајната несреќа

По седум месеци Дарко Лазиќ го закажа својот прв настап, а еве колку му порасна цената по сообраќајната несреќа
фото: ата имагес

Дарко Лазиќ успешно оздравува од сообраќајната несреќа која се случи на 23 октомври во близина на неговиот роден крај.

Меѓутоа, тој ги прекршил советите на лекарите и веќе го закажал својот прв настап.

Имено, иако не требаше да пее пред јуни, Дарко на 24 април првпат ќе застане на сцена и тоа заедно со Аца Лукас.

фото: Никола Томиќ

„Дарко го прифати повикот на организаторите за концертот во Салата во Суботица. Покрај него и Лукас, ќе настапуваат и Газда Паја и Мили, а најверојатно Дарко прифати да пее заради парите. Тој за 7 месеци изгуби меѓу 250 000 и 350 000 евра. Од октомври, откако имаше сообраќајка, семејството на Дарко се задолжи. Им помагаше еден менаџер, но Дарко сега мора да врати многу пари, и да заработи за себе и семејството. И за четири месеци треба да му се роди синот, така да потребни му се пари“ вели изворот.

Фото: Бнм медиа

Освен семејните трошоци за куќата и семејството, Дарко дава и алеменатација за ќерката.

Цената на настапот на Лазиќ по сообраќајната несреќа е повисока од претходно, па така наместо за 7000 евра ќе настапува за 10 000 евра. Секако, тоа не е исто за секој клуб, но очигледно е дека неговиот настап вреди повеќе.

Останати вести од Радио Милева