Радио Милева

По само четири месеци од породувањето Јелена Јованова повторно пред камери

По само четири месеци од породувањето Јелена Јованова повторно пред камери
фото:пансион преспав/инстаграм/принтскрин

Кон почетокот на месец јуни годинава, познатата македонска актерка Јелена Јованова за првпат се оствари во улогата на мајка.

Иако помина релативно кус период откако се роди нејзиното синце Јаков, мама Јелена реши да и се врати на кариерата и обврските.

 

View this post on Instagram

 

#Сѐ #sve #todo #alles #všechno #tout #すべて #omnia #tudo #Herşey #Mọiđiều . . .

A post shared by Jelena Jovanova Official (@jelenajovanovaperic) on

Имено, таа на својот Фејсбук профил објави дека започнала со снимање, но не го потенцираше проектот за кој станува збор.

Она што дополнително го објави е тизерот од филмот „Хомо“ во кој има улога, а следбениците и четитаа за ангажманот.

Дали станува збор за некој друг проект на кој Јеленче работи моментално или пак за снимање на петтата сезона на македонскиот ситком „Преспав“, останува наскоро да видиме.

Она пто е сигурно е дека сезона 5 на „Преспав“ дефинитивно започнува со снимање, а на официјалната страница на серијата на Инстаграм објавија дека бараат статисти.


За потсетување,во јануари оваа година со 20-та епизода насловена „Лицитација“, заврши и 4-та сезона на „Преспав“.

Во последната сезона, пансионот пропадна поради неплатениот кредит на Миле, па се случи лицитација на која присутните наддавачи, а и гледачите се шокираа од спасителот кој понуди милион евра да го купи пансионот.

Спасителот кој дојде на коњ со полна торба пари, беше ни повеќе ни помалку, туку актерот Владо Јовановски кој во втората сезона беше заменет со Игор Џамбазов како Миле Бузалевски.

Останати вести од Радио Милева