Радио Милева

По „Proud“ и историскиот успех на Евровизија, Тамара Тодевска подготвува нешто ново за љубителите на нејзината музика

По „Proud“ и историскиот успех на Евровизија, Тамара Тодевска подготвува нешто ново за љубителите на нејзината музика
фото: Принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

Тамара Тодевска со песната „Proud“ не претставуваше на oвагодинешното издание на „Евровизија“ каде што постигна исторкси успех за нашата земја.

Имено, со нејзиниот перформанс таа го освои првото место од жирито и седмото место од публиката, а досега  ова e најголем успех на Македонија на ова европско случување.

По успехот на „Евровизија“, Тодевска настапуваше во Шпанија и Данска каде пред тамошната публика ги покажа своите вокални способности, а они кои ја слушаа ја поздравија со аплауз.

фото: принтскрин/инстаграм/тамаратодевска

На прашањето што следува по „Евровизија“, Тодевска одговори дека следува светска доминација, па изгледа и дека добро најави.

Имено, изминатиот период Тамара е во студио каде што ја снима својата нова песна насловена „Monsters“.

Пејачката заедно со својата добро проверена екипа снима и по 3 часот наутро.

фото: принтскрин/инстаграм

Исто така Тодевска ја објави и најавната фотографија за песната која наскоро ќе може да ја слушнат нејзините фанови.

фото: Принтскрин/инстаграм

Каролина Гочева која исто таа поседува одлични вокални способности, но е колешка и пријателка на Тамара, на својот „Инстаграм“ сподели  дека едвај чека да ја слушна песната.

фото: Принтскрин/инстаграм

Што подготвува Тамара и дали тоа ќе биде ремек дело кое ќе брои милионски прегледи на Јутуб, останува да почекаме до денот кога песната ќе биде официјално објавена.

Дотогаш да се потсетиме на „Proud“.

Останати вести од Радио Милева