Радио Милева

По приказните дека гласањето е наместено, се огласи и Шерифовиќ: „Се јавував на членовите на жирито и им се заканував“

По приказните дека гласањето е наместено, се огласи и Шерифовиќ: „Се јавував на членовите на жирито и им се заканував“
фото: Принтксрин/инатаграм/маријашерифовиќ

Пред неколку дена заврши регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Вкупно 16 кандидати се бореа за првото место, а победникот доби автомобил, снимање на песна, видео запис и гостувања на Гранд телевизија.

Оваа година во финалето се гласаше како на „Евровизија“ , а првото место го однесе Џејла Рамовиќ.

фото: принтскрин/маријашерифовиќ/инстаграм

Иако во медиумите имаше гласини дека наводно гласањето е наместено и дека се лобирало за Џејла чиј ментор е Марија Шерифовиќ, пејачката одлучи да се огласи и да стави крај на шпекулациите.

Имено, на Ширфовиќ не и допаднаа приказните дека се лобирало за нејзината кандидатка, па во свој стил даде брутален одговор.

фото: принтскрин/инстаграм

„Им се јавував на сите 33 членови од жирито и им се заканував. Дваесет и еден/два се уплашија за сопствените животи и гласаа за Џејла, додека останатите останаа глуви на моето предупредување“ изјави Марија.

За потсетување, во финалето имаше и четири македонски наптреварувачи и тоа Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Дарко Даринос.

Неодамна, завршија и аудициите за следната сезона која ќе започне во септември, а Саша Поповиќ истакна дека ќе има околу 50 нови македонски кандидати.

Останати вести од Радио Милева