Радио Милева
стига нова фолк снаа?

По Пријовиќ, уште една позната фолкерка пристига во семејството на Брена: Еве која пејачка ја „мува“ Стефан Живојиновиќ?! (ФОТО)

По Пријовиќ, уште една позната фолкерка пристига во семејството на Брена: Еве која пејачка ја „мува“ Стефан Живојиновиќ?! (ФОТО)

Во српските естрадни кругови однеодамна почна да се шушка дека на наследникот на Лепа Брена му се допаѓа една популарна српска фолк пејачка.
Доброупатените велат, Стефан Живојиновиќ и фрлил око на сексапилната Милица Павловиќ, па постојано ја следи на социјалните мрежи и ја лајкува ама баш секоја нејзина фотографија.

„Не знам дали Брена е запознаена и вклучена во овие настани, но кога седна снаа може да биде пејачка, зошто не би можело и другата? Стефан и Милица беа видени на еден настан, каде што буквално не се разделија еден од друг. Дали Милица разговараше со него за својот нов албум, а тој со неа за австралиската турнеја – не знам, но она што го знам е дека обајцата не ја симнаа насмевката од лицето. Очигледно, нешто тука се крчка. Милица е многу пробирлива, но се надевам дека за неа Стефан е полн погодок“ – изјавил за српските медиуми еден пријател на младиот Живојиновиќ.

Самиот Стефан не го крие своето воодушевување кога ќе се спомене името на Милица.

„Милица е одлична девојка, таа е многу вредна и успешна во својата работа. Таа се разликува од сите други, бидејќи секогаш внесува некои новини, се обидува да биде поинаква и успева во тоа“- воодушевено изјавил Живојиновиќ.

Таа пак, неодамна открила интересен детал и со тоа покажала дека почнала се’ повеќе и повеќе да се интересира и да го запознава Стефан.

„Стефан е културно и добро воспитано момче. Тоа што нон-стоп ми ги лајкува фотографиите,  не значи ништо“ – изјавила  Милица Павловиќ, при тоа потајно признавајќи дека го следи секој потег на синот на Брена.

Прашањето е дали набрзо ќе стигне и нова фолк снаа во семејството на Боба и Брена?