Радио Милева

По многуте шпекулации дека не може да забремени, Северина ја откри вистината

По многуте шпекулации дека не може да забремени, Северина ја откри вистината
фото:инсатграм/северина

Кога се омажи за Игор Којиќ, за пејачката Северина набргу се појавија шпекулации дека е бремена и дека по вторпат ќе стане мајка.

Сепак, таквите приказни се покажаа како невистинити, а потоа продолжија пишувањата на медиумите дека Северина често патува во Америка каде прима третмани за полесно зачнување.

Пејачката, а ниту нејзиниот сопруг досега не се огласија по тој повод, се досега кога Северина за магазинот „Hello“ проговори на таа тема. Нејзината фотографија осамна на насловната страница со насловот:

„Сакам и верувам дека  уште еднаш ќе станам мајка“, открива Северина.

 

View this post on Instagram

 

HELLO! ❤️ EKSKLUZIVNO @severina – Prvi intervju posle nekoliko godina medijske tišine •••••••••• #HelloMagazinSrbija

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija) on

Деталите од разговорот во интервјуто ќе бидат објавени во најновиот број на магазинот кој на својата Инстаграм страница ја сподели насловната од најновото издание каде во фокусот е Северина Којиќ.