Радио Милева

По Лепа Брена се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ: „Денес сум најсреќна жена на светот“

По Лепа Брена се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ: „Денес сум најсреќна жена на светот“

Пејачката Александра Пријовиќ се породи утринава околу 9ч, а на свет го донесе наследникот Александар.

Таа се породила со царски рез, а бебето е тешко 2.800 грама.

Честитки за семејството Живојиновиќ пристигнуваат од сите страни.

По Лепа Брена, се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ.

„Денес сум најсреќна жена на светот. Пристигна нашата љубов, радост,среќа. Пристигна Александар“ напипа Зорица Накиќ на „Инстаграм“.

За потсетување, по породувањето Александра и Филип ќе се преселат во вила која ја купија на Бежаниска коса.

фото: зорана јевтиќ