Радио Милева
невољата никогаш не доаѓа сама

По кражбата Саша Поповиќ во нови проблеми: Сопругата Сузана се’ уште е во шок, паника и на тешки седативи!

По кражбата Саша Поповиќ во нови проблеми: Сопругата Сузана се’ уште е во шок, паника и на тешки седативи!

Како што пишуваат српските медиуми, по грабежот во нивната куќа, сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, претрпела огромен шок,  заради кој со денови се лекува со таблети за смирување.

Таа била постојано  вознемирена и велела дека повеќе не се чувствува безбедно во луксузна вила, иако нејзиниот сопруг е убеден дека нема причина за страв.

„Сузана е многу чувствителна и мошне загрижена за Саша и децата – ќерката Александра и синот Даниел, а  ситуацијата со грабежот го предизвикала нејзиното нервно растројство. Иако сопругот и децата се обидувале да и објаснат дека кражби се случуваат секој ден и  е јасно дека никој не сакал да им напакости – вели извор близок до семејството Поповиќ и додава дека Сузана нашла спас во лековите за смирување, но само привремено.
„Полесно и е да пие лекови отколку да плаче цел ден, иако лекарот кој  и ги препишал,  ѝ објаснил дека нивната употреба не треба долго за да трае. Таа е свесна дека треба да се релаксира, но за тоа  сè уште не е способна. Саша постојано се обидува да ја орасположи и насмее, па затоа е убеден дека наскоро нема да и бидат потребни седативи. Покрај тоа, тој и ветел дека и дополнително ќе го засили обезбедувањето на вилата – наведува изворот.