Радио Милева
ставија крај на сите шпекулации

По долго време видени заедно во јавност: Душко Тошиќ славеше роденден, a Kaрлеуша не ја тргаше насмевката од лицето (фото)

По долго време видени заедно во јавност: Душко Тошиќ славеше роденден, a Kaрлеуша не ја тргаше насмевката од лицето (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Во регионалните медиуми долго време се шпекулира за бракот на познатата пејачка Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Често се пишуваше дека парот се разведува, дека не живеат заедно, а најново се пишуваше дека Душко има и љубовница,

Карлеуша во гостувањето на една емисија откри дека е во брак со фудбалерот и дека живеат заедно, а исто така ги демантираше и пишувањата дека Душко има љубовница објавувајќи дека нејзиниот сопруг поднел и тужба.

Во последните неколку месеци, па и во последната година  Јелена и Душко ретко се појавуваа заедно во јавност, или барем српските медиуми и папараци не  успеајаа да ги фотографираат.

Душко вчера (19 јануари) го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели и роднини.

Покрај Тошиќ беше и неговата сопруга Карлеуша која не ја тргнуваше насмевката од лицето.

Снимките од роденденската прослава ги објави нивниот заеднички пријател и претставник за медиумите, Зоран Биратешевиќ.

фото: принтскрин/инстаграм

Додека Душко ги дуваше свеќичките, неговата сопруга цело време беше насмеана и го бодреше.

фото: принтскрин/инстаграм

На роденден присуствуваше и мајката на Душко, Николета која одлично се согласува со тетката на Јелена.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, фудбалерот на својот роденден доби изненадување и од вработените во неговиот дом односно торта во облик на фудбалска топка со црвено – бела боја.

фото: принтскрин/инстаграм

Останати вести од Радио Милева