Радио Милева

По десет месеци избрана победничката на „Задруга 3“ која освои 50 илјади евра (видео)

По десет месеци избрана победничката на „Задруга 3“ која освои 50 илјади евра (видео)
фото:зоран илиќ/рас србија(пулсонлајн)

Ива Гргуриќ, атрактивната Хрванка, победи во последната, трета сезона на реалното шоу „Задруга“, кое по десет месеци, дојде до крајот.

Во финалето, Ива доби над 40 проценти од поддршката на публиката, и беше пресреќна што стигна до крајот.

– Презадоволна сум, неописливо. Срцето ми чука – возбудено рече, откако го освои првото место, а нејзината мајка, која беше до неа, истакна дека верувала дека нејзината ќерка ќе стигне до финалето.

„Моето девојче е прекрасно“, гордо рече мајката на Ива.

Гргуриќ е модел, родена е во 1993 година во Осијек и живее во Загреб.

Откако влезе во „Задруга“, за време на претставувањето, таа изјави дека „нема конкуренција“, дека е крајно комуникативна и пријателски настроена и дека влегува во шоуто со цел да „крене прашина“. Во таа прилика, таа истакна дека нејзиното хоби е јавање и дека сака да биде во центарот на вниманието. Таа смета дека нејзиното учество во ријалити е „кратенка за светла и квалитетна иднина“.

На почетокот на „Задруга“, таа покажа интерес за Владимир Томовиќ, а потоа и за Стефан Кариќ, а потоа влезе во романса со Филип Чукиќ, кој ја дочека во студиото откако го освои првото место и ја бакна.

Таа во „Задруга“ изјави дека заминала од дома на свои 19 години. Ива аа прв пат се вработила на фарма каде ги учела децата со посебни потреби да јаваат. Потоа, таа имала сезонска работа на море, па ја напуштила таа работа и отпатува кон Јадранот. Потоа пак доби работа како хостеса.

фото:зоран илиќ/рас србија(пулс онлајн)

Хрватската јавност беше љупопитна и за нејзината наводна блискост со локалниот бизнисмен Маријан Шариќ, но и за гласините дека била во врска со Маринко, син на босанскиот бизнисмен Ивица Зовко.

Ива беше поврзана и со Саша Поповиќ, а директорот на „Гранда“ демантираше, но неодамна се појавија информации дека Ива ќе мора да избега кај мајка си заради заканите на нејзиниот поранешен.

Старлетата освои околу 41 процент од гласовите, додека второпласиран беше Марко Миљковиќ, со 38% од поддршката на публиката.

Ива освои 50.000 евра, а нејзината мајка која беше во студиото и пружа голема поддршка, како и за времетраењето на шоуто.

Останати вести од Радио Милева