Радио Милева

По 15 години се огласи мајката на Кејт Мидлтон и откри каков зет е принцот Вилијам

По 15 години се огласи мајката на Кејт Мидлтон и откри каков зет е принцот Вилијам

По 15 години, Керол Мидлтон проговори за медиумите. Во интервју за британскиот „The telegraph“ зборуваше за нејзиниот приватен бизнис со сопругот, а проговори и за некои приватни работи.

За бракот на војвотката не сакаше да зборува, но ги пофали своите зетови.

„Имам двајца прекрасни зетови, а се надевам дека наскоро ќе имаме и прекрасна снаа“ изјави Карол.

Таа призна дека се плашела дека нејзината ќерка штом ќе влезе во кралското семејство ќе се одалечи од неа, меѓутоа тоа не се случило.

„Мој најголем страв ми беше дека ќе го изгубам семејството, но останавме блиски“ изјави Мидлтон чија компанија оваа година слави 30 години постоење.

„Не размислувам за пензија. Ако се повлечам тогаш ќе имам многу повеќе обврски. Треба да ја преуредувам куќата, а потоа малку да патувам, па да се препуштам во воспитувањата на внуците, сепак тие се на прво место“ вели мајката на Кејт Мидлтон.