Радио Милева
твитер компарација

Плукната Вики Миљковиќ: Пејачката и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ има своја двојничка во српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации? (ФОТО)

Плукната Вики Миљковиќ: Пејачката и членка на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ има своја двојничка во српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации? (ФОТО)

Не е невообичаено да има случаи на неверојатна сличност меѓу две познати личности кои не се во никакво сродство или роднинска  врска. Еден таков пример е случајот со фолк пејачката и членка на ѓирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Виолета Вики Миљковиќ и сегашната министерка за трговија, туризам и телекомуникации на Србија,  Татјана Матиќ.

Сличноста меѓу двете е толку впечатлива што некои „неупатени“ корисници на социјалните мрежи се прашуваа дали можеби се близначки? Освен што физички се многу слични една на друга, нивниот стил на облекување и фризура е скоро идентичен на некои фотографии, па многумина веруваат дека министерката и пејачката може да се заменет на некое време, и дека веројатно тоа никој не би го забележал.

Оваа љубопитност ги заскокотка некои корисници на Твитер заедницата, чии коментари сепак беа на страната на политичарката.

„Вики Миљковиќ оригинал! Дали Вики знае дека има сестра близначка која е министер во Владата на Србија? Нема разлика! Фризурата на министеркатат и стајлингот – истата Вики! Би било кул министерката да биде неколку дена во жирито на Звездите на Гранд, а Вики да оди во Немањина 11! Сепак, може да се види дека Вики е од селото близу Ниш, а министерката е родена во Белград!“ – се само дел од коментарите на Твитерџиите.

Фото: Инстаграм принтскрин/viki_miljkovic/tatjanamatic.official

Останати вести од Радио Милева