Радио Милева
Љубов до облаците

„Плачев кога ја видов Богдана во венчаница“: Анастасија Ражнатовиќ откри детали за големата љубов на нејзиниот брат и снаата

„Плачев кога ја видов Богдана во венчаница“: Анастасија Ражнатовиќ откри детали за големата љубов на нејзиниот брат и снаата
фото:принтскрин/инстаграм

Анастасија Ражнатовиќ сподели видео направено пред три години, кога започна љубовната приказна на нејзиниот брат Вељко и неговата сегашна сопруга Богдана Ражнатовиќ, тогаш Родиќ.

Имено, на Копаоник се сретнаа Богдана и Вељко, а нив им се придружи и Анастасија, која сега се сети на забавата од таа зима.

– Сè започна тука – напиша Анастасија со видео во кое се наоѓа во прегратките на Богдана.
Да потсетиме, младата пејачка своевремено раскажа како ги поврзала Богдана и Вељко.

фото:принтскрин/инстаграм

– Ја видов Богдана и и пријдов и реков дека е убава и дека сметам дека е одлична девојка за мојот брат. Таа ми рече дека дури не го познава и јас реков дека ќе ги запознаам. Богдана беше резервирана кон од Вељко, а тој беше навикнат сите да паѓаат пред неговите нозе. Јас навистина бев кума, тие се бакнаа за прв пат на Хајат и оттогаш не се разделија. Плачев како дожд во црквата, кога ја видов во венчаница, сè беше „размачкано“, солзи радосници, бев многу емотивна – рече Анастасија за венчавката на нејзиниот брат и снаа, што се одржа во ноември 2019 година
Во јуни 2020 година, Богдана и Вељко го добија синот Жељко.

Останати вести од Радио Милева