Радио Милева

Пирс Броснан го покажа 19 годишниот син, а фановите се прашуваат дали тој е следниот Бонд (фото)

Пирс Броснан го покажа 19 годишниот син, а фановите се прашуваат дали тој е следниот Бонд (фото)
фото:пирс броснан/инстаграм

Синот на холивудскиот актер Пирс Броснан (66), познатиот Џејмс Бонд 007, е вистински шармер како неговиот татко, а има 19 години.

Славниот актер, најпознат по улогата како таен агент, му честиташе на наследникот за неговиот роденден со заедничка фотографија што ја објави на својот профил на Инстаграм.

фото:пирс броснан/инстаграм

– Среќен 19 роденден, драг Перис Бекет. Тато те сака – напишал актер кој сега има малку поинаков имиџ и носи мустаќи и брада, а неговиот наследник зема сè што е најубаво од неговиот татко.

фото:пирс броснан/инстаграм

Дека крушата под круша паѓа е повеќе од јасно веднаш штом ќе ја погледнете нивната црно-бела фотографија.

Многумина не одолеаја да прашаат дали Перис е следниот Бонд?

фото:пирс броснан/инстаграм

Патем, Броснан и неговата сопруга Кајли Шеј Смит, кои се во брак од 2001 година, имаат два сина, Дилан и Перис.

Останати вести од Радио Милева