Радио Милева

Перверзните бикини се „заштитен знак“на Карлеуша, но погледнете како некогаш носеше „домаќински“ модели (фото)

Перверзните бикини се „заштитен знак“на Карлеуша, но погледнете како некогаш носеше „домаќински“ модели  (фото)
фото:инстаграм

Секое лето како по правило е создадено за провокативна модна ревија во луксузните ресорти од жешки бикини и врелите облини на Јелена Карлеуша.

Српската пејачка како да има модна агенда што ќе им „сервира“ на своите следбеници и обожаватели на социјалните мрежи, а никогаш не е уморна од перверзните модели кои премногу откриваат од нејзините најсилни атрибути.

Силиконскиот задник и гради, кипат од секој модел, што особено е празник за очи за посилниот пол, додека дамите не ретко знаат да искоментираат дека е безобразна и не и доликува да изгледа така како мајка на две ќерки.

Но, Карлеуша не ја „боли уво“ кој што ќе каже на сметка на нејзиното однесување и изгледот, па си тера по свое.

Се навративме неколку години наназад од профилот на пејачката, а таму има што да се види.

Голотијата секако е присутна, но и неколку изненадувачки фотографии на кои Јелена е во „домаќински“ модели на костими за капење.

Од ова може да се заклучи дека скандалозната дива изгледа чудно во вакви изданија, а не кога ги носи костимите како од филмовите за возрасни.

Веројатно сите навикнавме на нејзината провокација од која токму кога помислуваме дека ништо не и преостана, таа шокира со нова голотија „спакувана“ на нејзин – дрзок и брутален начин.

фото:инсатграм/јеленакарлеуша