Радио Милева

Пере од Нокаут стана татко по третпат – еве кое има го одбра за наследничката

Пере од Нокаут стана татко по третпат – еве кое има го одбра за наследничката
фото: Принтскрин/инстаграм

Македонскиот пејач Никола Перевски Пере од Нокаут по трет пат стана татко. Убавата порака ја сподели гордиот чичко, братот на музичарот.

Тој на социјалните мрежи сподели фотографија од мекиците и им порача на сите дека двете ќерки на Пере сега си добија и сестричка по име Софиа.

-Мекицииииии!!! Моите татко и мајка добија повторно внука! Мојот брат ја доби својата 3та ќерка со својата љубов Јована! Моите внуки Михаела и Каја добија сестра! Моите деца добија братучетка!
Јас пак по трет пат сум горд чичко!
А светот? Светот ја доби Софиа Перевска!
Со љубов против сите зла“, напиша Пере на социјалните мрежи.

Инаку, Пере и неговата сопруга Јована веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13). Честитики, да е жива и здрава Софиа.

Останати вести од Радио Милева