Радио Милева

Пере од „Нокаут“ по третпат ќе стане татко, а го откри и полот на бебето кое ќе го добие со втората сопруга (фото)

Пере од „Нокаут“ по третпат ќе стане татко, а го откри и полот на бебето кое ќе го добие со втората сопруга (фото)
фото:никола перевски/фејсбук/принтскрин

На 35-то издание на неодамна одржаниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2020“, групата „Нокаут“ со песната „Сакам да живеам“ ја однесе победата.

Токму оваа прва фестивалска победа во долгогодишната кариера на бендот, го мотивираше фронтменот Никола Перевски –Пере, да открие детали од приватноста, бидејќи победничката песна ги опишува убавите моменти кои периодов му се случуваат на приватен план.

Тој во интервју за „Женски магазин“, за првпат проговори за љубовниот живот, односно дека Јована е жената со која почнува нов живот, а која наскоро ќе му роди дете.

фото:никола перевски/фејсбук/принтскрин

– Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Со неа почнувам нов живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми ја дава најголемата поддршка во работата. Наскоро ќе станеме родители на девојче. По трет пат ќе станам татко на ќерка – открива Пере и додава дека иако е искусен татко на две ќерки од првиот брак, повторно чувствува трема за доаѓањето на третата наследничка.

– Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години. Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум. Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот.

Во продолжение прочитајте го целото интервју на „Женски магазин“.

Останати вести од Радио Милева