Радио Милева
„Софиа, љубов“

Пере Нокаут позираше со Софиа и покажа колку потпораснала наследничката (фото)

Пере Нокаут позираше со Софиа и покажа колку потпораснала наследничката (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/пере нокаут

Пејачот Никола Перевски, Пере од Нокаут при крајот на ноември претходната година  стана татко по трети пат и ја доби ќерката Софиа.

Тогаш радосните вести ги сподели неговиот брат, кој откри дека станала чичко, а потоа и Пере ја објави првата фотографија со новиот член во семејството.

Пејачот ужива во заедничките моменти со неговата наследничка овекувачувајќи ги со заеднички фотографии, а некои од нив ги споделува на социјалните мрежи.

фото: Принтскрин/инстаграм/пере нокаут

Така, овој пат, Пере сподели фотографија со Софиа држејќи ја во прегратка и покажа колку потпораснала седумечената ќерка.

фото: Принтскрин/инстаграм/пере нокаут

Под објавата се нижеа коментари, а меѓу нив се најде  и оној на Тијана Дапевиќ која напиша: „Софкааа, љубов“, како и на Илина Арсова: Големо бебе.

фото: Принтскрин/инстаграм/пере нокаут

Потсетуваме, Пере веќе ги има ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13)  од првиот брак со ТВ новинарката во МТВ Александра Спировска.

Останати вести од Радио Милева