Радио Милева

Пејачот Денис Димоски навреден бидејќи нема да биде дел од концертот за Тоше

Пејачот Денис Димоски навреден бидејќи нема да биде дел од концертот за Тоше

Младиот пејач Денис Димоски кој на домашната публика и стана попознат преку учеството со една од главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески, јавно реагираше поради тоа што нема да биде дел од претстојниот концерт за Тоше закажан на 2-ри ноември.

Тој преку својот Фејсбук профил го искажа своето незадоволство кон организаторите бидејќи не го исконтактирале и прашале за учество.

Сакам јавно да и се извинам на публиката и на сите кои ми пишаа и ме прашуваат зошто нема да те слушаме на концертот за Тоше на 2-ри Ноември. Навистина сум навреден што воопшто не бев прашан и повикан за учество, а прочитав од портали дека Денис Димоски за жал нема да учествува на концертот. Мислам дека после победата на “Casting Talent Show” , главната улога во мјузиклот за мојот идол и сите успешни претстави заслужив да бидам исконтактиран и прашан за учество. Од кои причини не сум исконтактиран, искрено не знам, пишува Денис.

Инаку, ова талентирано момче покрај учеството на „Кастинг талент шоу“ и мјузиклот „Тајно моја“, ја има претставувано Македонија на детската Евровизија, учествуваше во шоуто „Пинк ѕвезди“, а учествувал и на голем број реномирани музички фестивали низ Европа.

На претстојниот концерт за Тоше Проески ќе настапат регионални и балкански музички ѕвезди кои ќе изведуваат песни од Тоше, а меѓу нив ќе бидат: Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева…

фото:фесјбук