Радио Милева
Македонец во Белата куќа

Пејачот Дарко Илиевски го покажа синчето, па го откри неговото полно име, ама и името на идниот претседател на САД (ФОТО)

Пејачот Дарко Илиевски го покажа синчето, па го откри неговото полно име, ама и името на идниот претседател на САД (ФОТО)

Некогашниот македонски поп-пејач Дарко Илиевски со сопругата Ивана со која се венчаа во октомври 2016 година се пресели да живее на Флорида во САД.

Логично, зашто Дарко му стана зет на легендарниот ДЈ Славе Келешоски, стружанецот познат како пионер во диџејството во Македонија и некогашна СФРЈ, кој со години претходно живееше во САД,  а сега на релација: Америка – Македонија.

Три години подоцна, на почетокот на месец октомври 2019 Дарко и Ивана за прв пат станаа родители, откако таа се породи и на свет донесе здраво машко дете. Дарко и Ивана првата фотографија на бебето ја споделија уште непосредно по неговото раѓање, но на неа лицето на новороденчето беше прекриено со „смајли емотикон“.

Откако малку пркна и се прилагоди на новата животна средина, семејството реши да го покаже во јавноста малечкиот кој доби интересно име…

Новородениот внук прв го покажа дедо Славе, кој се фотографираше и со него и со останатие внуци, горд на своето највредно семејно богатство.

Веднаш потоа и среќниот татко Дарко, на својот Инстаграм профил сподели фотографија од синчето и табла покрај него на која го обзнани неговото полно име. Или поточно, две имиња покрај едно презиме: Матео Ное Илиевски!

Но, пејачот во описот на фотографијата има интересна најава за своето прво чедо. Имено, Дарко Илиевски претставувајќи го малиот Матео Ноа Илиевски, тврди дека всушност ни го претставува еден од идните претседатели на САД!

„Чул те Господ“ – што би рекле бабите, ама пак, зошто да не? Кога можеше Обама или Словенка во моментов да биде прва дама, зошто не би можел и еден Македонец млад, да биде иден претседател на САД?

 

Останати вести од Радио Милева