Радио Милева

Пејачката сподели радосни вести: Се мажи Милица Тодоровиќ?

Пејачката сподели радосни вести: Се мажи Милица Тодоровиќ?
фото: Петар Ѓорѓевиќ

Пејачката Милица Тодоровиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија и се пофали дека го фатила бидермаерот на свадба.

Таа ова радосна вест ја сподели на социјалните мрежи, а во описот напиша:

„Го фатив бидермаерот, дали тоа значи дека сум следна“.

фото: Принтскрин/инстаграм/милицатодорвиќ

За потсетување, Милица е во петгодишна врска со Милош Пауновиќ.

Милош од претходниот брак има дете, а Тодовориќ истакна дека сака наскоро да се реализира во улогата на мајка.

Тодоровиќ во една прилика изјави каква сака да биде нејзината свадба.

„Јас имам разни сценарија во својата глава. Еднаш сакам во шума, еднаш на плажа. Генерално никогаш не размислував за голема свадба, трубачи, и сл. Кој знае што ќе ви донесе животот“ вели пејачката.

Според наредните верувања немажената девојка која ќе го фати бидермаерот е следна која ќе се мажи, дали оваа теза ќе се покаже како точна кај Милица, останува да видиме.