Радио Милева

Пејачката Сани им се враќа на настапите, само што пред да излезе од дома мора да се наврати на основата која во карантин ја заборави (фото)

Пејачката Сани им се враќа на настапите, само што пред да излезе од дома мора да се наврати на основата која во карантин ја заборави (фото)
фото:сани гроздановска/инсатграм

Откако прогласија укинување на полицискиот час, а со тоа од денес четврток и отварање на рестораните, кафулињата и кафеаните, музичарите кои заработуваа од ваквиот вид на настапи започнуваат со работа.

По речиси три месеци пауза, фолкерката Сани гроздановска го најави својот прв настап по карантинот и олабуавувањето на мерките.

фото:сани гроздановска/инсатграм

Таа ќе пее во еден скопски ресторан каде редовно имаше настапи, но овој пат наместо внатре и пред гостите до маса, Сани ќе пее на отворено, а бакшишот засега ќе почека.

Ова секако дека многу ја израдува, бидејќи најпосле ќе почне да работи и да го полни паричникот, но ја мачат некои основни нешта, односно одењето на високи потпетици.

Таа објави станус во кој напиша:

„Вежбам одење на штикли“ –пишува Сани, но веруваме дека ставот, држењето и одењето на високи потпетици го има во себе и не се заборава, но мала прекса не е на одмет.

Останати вести од Радио Милева