Радио Милева
„И да ти е златна, носи си ја“...

Пејачката на „Индијанско лето“: Марина Тошиќ во златна танга и полни раце туѓи гради (ФОТО)

Пејачката на „Индијанско лето“: Марина Тошиќ во златна танга и полни раце туѓи гради (ФОТО)

Пејачката која има српско потекло, а со години живееше и работеше во Македонија, послениве две е во Бугарија. Стана ексклузивка на Пајнер продукција, почна да гради таму кариера, нејзините песни и спотови се вртат на нивната „Планет ТВ“, а пејачката има настапи и низ Бугарија, ама не ја заборави ниту Македонија, а ни родната Србија.

 

Но, она по што најмногу Марина Тошиќ е препознатлива е нејзината атрактивна секси фигура. Мајката природа дала убавина, естетската хирургија – силикони, а Бог и дал да биде таква каква што е: провокативна, заводлива,  пожелна, секси… а, на моменти и скандалозна.

Незјините испади и провокации не ретко ги споделува на социјалните мрежи во вид на фотографии и видеа, каде Марина го покажува сиот свој темперамент и талент за скандали…

Иако веќе сме навлезени во есента, деновиве имаме таканаречено „Циганско“ или „Индијанско лето“, со прилично повисоки температури од вообичаените за ова доба на годината. Затоа Марина реши да се поздрави со летото и достојно да го испрати… од плажа!

А таму, Марина, ко Марина… За да биде поразлична од сите други, облече поразличен костим за капење, модел ала Карлеуша.

Мини златни бикини или подобро кажано Марина на плажа во златна танга.

 

Не дека и е прв пат и не дека не сме ја виделе до сега, ама како што вика песната… „И да ти е златна, носи си ја“!  Иако не е злато се што сјае,  на вака совршено извајано га*е, златната танга силно блеска на златното сонце!

Дека пејачката го владее јазикот, е логично: Српски, Македонски, Бугарски… Ама како што владее со сопствениот јазик, веројатно со ниту еден друг. Еве потврда за тоа.

А, кога Марина ќе ти пушти јазик, ти доаѓа да… Да се потсетиш дека не и е прв пат!

Како што не и е прв пат, а веројатно ни последен,  да ги зграпчи туѓите, бујни атрибути в раце.

 

Дали вечерта собрани во женско друштво пејачката сакаше уште еднаш јавно да ги демонстрира своите сексуални афинитети или „немирната“ Марина, само сакаше да си поигра со туѓите атрибути, за да потенцира со каков раскош располага нејзината пријателка, знаеше само таа во тој момент – вокалната исполнителка со нескротлив темперамент. Или неодолива желба да има полнице раце туѓо месо… или туѓи силикони?!

 

Останати вести од Радио Милева