Радио Милева
не сака да се меша

Пеѓа Близанац ги прокоментира пишувањата за аферата на неговата бивша сопруга и Душко Тошиќ

Пеѓа Близанац ги прокоментира пишувањата за аферата на неговата бивша сопруга и Душко Тошиќ
фото: ана паунковиќ/ соња спасиќ/ инстаграм

Деновиве како бомба одекна веста дека сопругот на Јелена Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ има љубовница.

Имено, наводно Душко е во емотивна врска со екс сопругата на познатиот пејач Пеѓа Јовановиќ – Близанац.

Наводно, новата девојка на српскиот репрезентативец Ана Јовановиќ е добро позната  во спортските кругови, а кога нејзиниот сопруг дознал за нејзините излети, нивниот брак пропаднал.

фото: Курир.рс

По пишувањаа дека Душко и Ана се љубовници, се огласи и Јовановиќ која ги демантираше и овие пишувања.

И поранешниот сопруг на Ана, Пеѓа за курир.рс ги прокоментира пишувањата дека наводно неговата екс сопруга е во емотивна врска со Душко.

фото: Марина Лопачиќдуш

„Ана и јас не сме заедно и не е мое да се мешам и да коментирам. Ние сме во супер односи и секогаш ќе биде така“, одговори Пеѓа.

Исто така во еден српски медиум се појавија написи дека наводно Душко ја запознал со Јелена Карлеуша, а по овие написи реагираше и Јелена која истакна дека тоа не е точно и дека нејзиниот сопруг поднел тужба. Но, набргу го избриша постот од својот „Инстаграм профил“.

Останати вести од Радио Милева