Радио Милева

„Парите не се проблем…“: Марија Шерифовиќ откри дека не е сигурна за понатамошно жирирање во „Ѕвездите на Гранд“

„Парите не се проблем…“: Марија Шерифовиќ откри дека не е сигурна за понатамошно жирирање во „Ѕвездите на Гранд“
фото:инсатграм/ѕвездите на гранд

Марија Шерифовиќ вчеравечер славеше за победната на Џејла Рамовиќ како нејзина кандидатка, но беше присутна и за да ги поддржи и останатите учесници кои беа под нејзино менторство.

За новинарите кои беа присутни таму, Марија открива дека се уште не знае дали ќе биде дел од жирито во наредната 14-та сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Шерифовиќ насмеана позираше пред собраните медиуми, па порача.

фото:инсатграм/ѕвездите на гранд

-Ќе видиме, се ова одзема многу време. Треба да разговарам со Сале, дури тогаш ќе знам. Парите не се проблем, никогаш не биле, така ќе биде и сега – кажа Марија за прашањето кое веќе неколку месеци се провлекува во јавноста и медиумите.

Сепак, каква ќе биде одлуката, останува да почекаме и видиме наесен кога ќе започне новата сезона за која веќе неделава започнуваат аудициите.

Останати вести од Радио Милева