Радио Милева

Панчо од ДНК со емотивна порака се потсети на својата мајка: „Го исполнив ветеното ама ја немам неа, а тоа е најголемиот пораз“

Панчо од ДНК со емотивна порака се потсети на својата мајка: „Го исполнив ветеното ама ја немам неа, а тоа е најголемиот пораз“
фото: фејсбук

Родителите се оние кои ни го дале животот, кои би направиле се’  за нас, оние кои се тука сме среќни и кога сме тажни, оние кои повторно би се жртвувале за нас, кои повторно би ги дале животите за нас, тие се нашите најдобри пријатели, а токму родителите треба да ги сакаме и почитуваме.

Животот е преполн со предизвици, па не знаеш што носи денот. Не знаеш кога некој блзиок ќе те напушти, ќе замине од овој свет и тогаш останува празнина, болка, тага која ни времето не ја лекува.

Македонскиот пејач Владимир Блажев или познат како Панчо од „ДНК“ пред шест години ја изгуби мајка си која почина од опасната болест.

Ни по шест години, не стивнува болката, тагата по загубата на родителот.

Тој на својот „Фејсбук“ сподели фотографија со неговата мајка и тој како дете, а во описот напиша емотивна и поучна порака која ги трогна неговите пријатели на социјалните мрежи.

– Кога имав околу дванаестина години, и реков на мајка ми дека кога ќе пораснам ќе купам убава кола за мене и за неа за да не се срамиме дека имаме фиќо. И кажав дека ќе купиме и поголем стан и дека ќе заработам доволно за она да не мора повеќе да се мачи и работи туку да ужива во годините на старост.Ме погледна, ми кажа дека одсекогаш верувала во мене и дека не и значи ништо од тоа што сум и набројал туку само да сум среќен и исполнет во животот и тоа што го правам.Фала му на бога јас сум среќен и го исполнив ветеното ама ја немам неа, а тоа е најголемиот пораз и загуба кои ниедни пари не можат да го вратат назад.Сакај ги своите родители, животото е краток и непредвидлив, напипа тој на профилот на Фејсбук.

фото: фејсбук

 

Останати вести од Радио Милева