Радио Милева

Овој Македонец се погрижи за изгледот на Луна Џогани за финалната забава во „Задруга“

Овој Македонец се погрижи за изгледот на Луна Џогани за финалната забава во „Задруга“
фото: принтскрин/пинк.рс

Во саботата заврши финалето на реалното музичко шоу „Задруга“ каде што победата ја однесе Луна Џогани.

Луна го освои првото месото и освои 50 000 евра,  а второто место го освои Марко Миљковиќ кој дома си замина со автомобил.

По повод финалето на „Задруга“ сношти продукцијата организираше забава за задругарите, меѓу кои  Луна Џогани имаше посебен третман.

фото: Принтскрин/инстаграм/сторисрбија

На забавата на Луна и беше доделена статуетката за прва место.

Луна се појави во краток розов фустан, а за нејзината фризура и шминка се погржи стилистот Зоки Давитков од Штип.

Тој во соработка со студио од Словенија работи на надоградба на косата на Луна…. а сношти специјално ја подготви за забавата.

фото: Принтскрин/инстаграм/зокидавитков

Освен за Луна, овој Македонец се погрижи и за изгледот на Анабела која исто така присуствуваше на збаавата.

фото: Принтскрин/инстаграм/зокидавитков

Инаку, Зоки веќе неколку години соработува со Анабела и Луна Џогани.

Останати вести од Радио Милева