Радио Милева

Овој Македонец ги скара Јелена Карлеуша и Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Овој Македонец ги скара Јелена Карлеуша и Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше Ќамил Џемаиловски од Прилеп.

Ќамил под менторство на Пеѓа Меденица се подготвуваше за вториот круг.

Тој се претстави со песните „Као моја мати“ од Здравко Чолиќ и „Среќна ли си“ од Тоше Проески.

фото: Принтскрин/јутуб

Уште на почетокот на неговото пеење, Ќамил доби глас од Карлеуша која беше воодувешена од неговата изведба.

На крајот на неговите интерпретации, Ќамил доби 4 гласа односно од Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ.

фото: принтскрин/јутуб

„Израз, емоција, енергија, прeкрасен, посебен, оригинален израз.  Двете песни ги отпеа на свој начин. Стајлинг, сигурност, убавина…совршено. Браво, браво. Ова е голема неправда што не помина директно“, изјави Карлеуша.

фото: принтскрин.јутуб

Меѓутоа, Ана Бекута не даде глас и се скараа со Јелена.

„Претеруваш Јелена. Ќамил, се уште нема формирана боја на глас. Ти си талентиран, но, мора многу да се работи. Мене не ми се допаѓа твојата боја на гласот“ почна Ана, а се надоврза и Јелена:

„Ало, девојко, тој има само 18 години“ изјави Јелена.

„Имавме овде момчиња со 18 години кои имаа убава боја на гласот“ изјави Ана, а Карлеуша додаде дека не не направил ниту една грешка.

фотo: Принтскрин/јутуб

„Немаше ниту една грешка. Вообичаено, момчињата како тебе сакат да се докажат, па додаваат, па претеруваат. Ти имаше својa интерпретација, тоа беше толку културно, толку убаво“.

Марија исто така имаше пофални зборови за Македонецот.

фото: принтскрин јутуб

„Јас на момчето му дадов глас бидејќи тој е вистински претставник на поп музиката. Мислам дека некои зборови не ги изговараш добро. Меѓутоа, точно е дека имаш убави украси, дека песните ги отпеа на свој начин. Мислам дека од тебе може да биде добар поп изведувач. Мислам дека ти е место во третиот круг“, истакна Марија.

По гласовите, Ќамил помина во баража, но за жал не помина во третиот круг.

Неговиот настапо можед да го погледнете во видеото подолу на 26:40.

Останати вести од Радио Милева