Радио Милева

Овој Македонец е единствен што ги освои сите гласови во „Ѕвездите на Гранд“, а кога на сцена се појави таа – настана вистински хаос (видео)

Овој Македонец е единствен што ги освои сите гласови во „Ѕвездите на Гранд“, а кога на сцена се појави таа – настана вистински хаос (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и 26 годишниот Александар Јосифовиски од Охрид.

Тој во првиот круг се претстави во песните „Једина“ од Владо Георгиев и „Угаси ме“ од Парни Ваљак.

Веднаш кога започнаа да пее жирито меѓу себе си коментираше дека тоа има убава боја на гласот и дека потсетува на Владо Георгиев.

фото: принтскрин/јутуб

По неговото претставување тој освои вкупно седум гласа односно ги доби сите гласови на жирито и досега тој е единствениот Македонец кој ги освои сите гласови.

фото: Принтскрин/јутуб

Во бекстејџ го бодреа сопругата, тетката и неговата мајка која жирито кога ја виде беше изненадена од нејзиниот сексапил и веднаш ја повикаа да излезе на сцената.

фото: Принтскрин/јутуб

„Мама вие изгледате подобро од пола естрада“ прокоментира Јелена.

Мајката на Александар, Елизабета на сцената отпеја дел од песна, а публиката и жирито ја поздравија со аплауз.  Карлеуша која беше воодушевена од Елизабета истакна дека нејзиното име одговара и на стајлингот и на изгледот.

фото: Принтскрин/јутуб

Александар за свој ментор го одбра Ѓорѓе Давид кој му порача на Македонецот дека му треба:

„Ти ми требаш во овој вид на натпреварување и мора да го оправдаме образот “ истакна Ѓорѓе.

фото: Принтскрин/јутуб

По овој коментар, Ѓорѓе се поздрави и ја бакна мајката на Алексаданр.

фото: Принтскрин/јутуб

Како Ѓорѓе и Александар ќе се подготвуваат за следниот круг останува да видиме.

Неговиот настап може да го подлегнете во видеото подолу на 38:45.

 

Останати вести од Радио Милева