Радио Милева

Овој ден ќе го паметат цел живот: Двојна прослава во домот на шеф Никола од „Брза кујна“

Овој ден ќе го паметат цел живот: Двојна прослава во домот на шеф Никола од „Брза кујна“
фото: фејсбук

Коронавирусот стави пауза на снимањата на кулинарското шоу „Брза кујна“, но не стави пауза на приватните случува на познатите.

Шеф Никола и неговата сопруга Стефанија деновиве имаа убав повод за славење.

Имено, нивната ќерка Дариа наполни една година, а на истиот ден тие ја крстија својата наследничка.

фото: споменар

Така, парот спои убаво и корисно, па во ист ден прославија крштевка и прв роденден.

фото: споменар

По тој повод, Никола и Стефанија направија фотосесија за својата миленичка, а истата мама Стефанија ја  објави на социјалните мрежи.

фото: споменар

„Биди секогаш насмеана и среќна ѕвездо мала. Една година заедно, но безброј моменти за радување. Твојот 1ви роденден и крштевка секогаш ќе останат дел од нашиот споменар“, пишува сопругата на Никола во описот на објавата.

фото: споменар

Инаку, познатиот готвач од првиот брак има син.

Потсетуваме, минатата година во јули се случи и свадбата на шеф Никола, па тој официјално стана женет човек и заплива во брачните води со Стефанија.

Останати вести од Радио Милева