Радио Милева
свадбена порака

Овие две познати Македонки два пати се мажеа, а никогош не го фатиле бидермаерот (ФОТО)

Овие две познати Македонки два пати се мажеа, а никогош не го фатиле бидермаерот (ФОТО)

По велигденските пости и самиот празник Велигден, во Македонија традиционално започнува сезоната на свадби. Токму најголемиот број стапнувања на лудиот камен, колнења на вечна љубов, кажувањето на  судбоносното -ДА… и како ли уште се’ уште не го нарекуваат стапувањето во брак и свадбената церемонија, која најчесто е крунисана со свадбена веселба, се случуваат во периодот пролет – лето – есен…

Свадбите се полни со свадбени обичаи, сите слични, а различни во зависност од регионот и поднебјето, но се чини еден кој и не е баш автентичен македонски е неизбежен: фрлањето на бидемаерот на невестата.

Овој свадбен обичај потекнува од Англија, каде во минатото обичајот налагал сите немажени моми да  скинат парче од невестинската венчаница, зашто се верувало дека така тие ќе бидат следните кои ќе се омажат. Откако се случувало невестата да ја распарталат и остават речиси гола, некој се сетил и ова го заменил со фрлањето и фаќање на невестинскиот букет (бидермаерот). Со тоа ем невестата можела да замине на првата брачна ноќ нераспарталена, а и цвеќето е симбол на плодноста во речиси сите култури. Освен тоа бргу венее, па добро е што побргу невестата да се ослободи од него.

Кај нас овој обичај е општо прифатен, па нема немажена мома која не застанала во ред да го лови бидермаерот на невестата кога оваа завртена со грб кон гостите го фрла. Порано само девојките, а сега во „модерниве времиња“, во редот  за бидермаерот се почесто се грабаат и машки… Барем така на личат на око.

Ама обичајот не подразбира и правило, па го фатил(а) или не бидермаерот, дотичната личност не значи дека ќе се омажи. Непишаното правило дури вели дека оние кои никогаш не го фатиле, побргу се мажат. Дури и по неколку пати! Еве и доказ за тоа. И тоа не од било кого, туку од две исклучително познати и популарни Македонки.

Едната најпознатата македонска ТВ водителка, другата ептен популарна фолк пејачка. Оваа вторава дури и кариерата ја почна кај првата во една од нејзините емисии за музички таленти, кои таа ги водеше.

А дека е тоа така со бидермаерот и мажачката, обете, независно една од друга го потврдија. До душа и за обете знаеме, ама друго е сам кога ќе си кажеш!

Имено, ниту Лила Филиповска ниту Сања Сани Гроздановска никогаш не го фатиле бидермаерот, а по два пати се мажеа. Првата и обата пати не издржа… во брак, па можеби ќе оди и на трета – среќа?!

Оваа вторава, е до „втора мајка“. И изгледа дека тука и ќе остане кога се мажачките во прашање.

Ама затоа и двете имаат исто искуство кое го обзнанија на своите Инстаграм приказни со порака до момите кои на свадба стојат во редот за фаќање на невестинскиот букет:

„Само да им кажам на овие девојки што трчаат по бидермаерот,  јас ниеднаш не сум го фатила, а двапати се мажев“! Факт!

Фото: rusticweddingchic.com/Инстаграм принтскрин

 

 

 

Останати вести од Радио Милева