Радио Милева

Овие детали сигурно не сте ги знаеле: Tалат од „Преспав“ откри со која позната актерка би снимил жешки сцени

Овие детали сигурно не сте ги знаеле: Tалат од „Преспав“ откри со која позната актерка би снимил жешки сцени
фото: принтскрин/инстаграм/пансионпреспав

Дритон Вејсели или познат како рецепционерот Талат од „Преспав“ ја освои публиката со неговата улога во истоимената серија.

Дритон или Талат со својот харизматичен лик успеа да ја освои публиката и да излезе од сенката на популарноста, па така важи за еден од најпознатите актери.

Уште кога заврши третата сезона за серијата, публиката започна со прашања дали ќе има нова сезона и дали своите омилени актери ќе имаат прилика да ги гледаат пред ТВ екраните.

фото: Принтскрин/инстаграм/пансионпреспав

Продукцијата на серијата најави дека ќе има и четврта сезона која треба наскоро да почне да се снима.

Дритон во интервју за „Слободен печат“ одговараше на разни прашања како од професионален така и од приватен план, па откри некои детали за кои можеби јавноста не е запознаена.

Дритон откри дека го искористил летниот одмор за да оди неколку дена на одмор во Албанија, а наскоро ќе се врати на снимињата на „Преспав“, но не сакаше да открива детали.

фото: Принтскрин/инстаграм/дритонвејсели

„Би сакал да можам да ви откријам, но не знам што ќе се случи во четвртата сезона. Возбуден сум и очекувам да видам какви пресрвти и промени ќе се случат во сценаријата“ вели Дритон за „Слободен печат“.

Кога станува збор за неговиот приватен живот и емотивен статус, Дритон остана резервирен и не сакаше многу да зборува, односно на прашањето дали има девојка, Вејселу откри дека сака својот приватен живот сака да го зачува за себе.

фото: Принтскрин/инстаграм/дритонвејсели

„Нема ни да дознаете….се шегувам….туку сакам приватниот живот да биде за мене“ вели актерот.

За потсетување, пред неколку месеци во едно интервју тој откри дека е „сингл“, а дали тој статус се сменил не сакаше да открие.

На прашањето со кого би сакал да снима жешки сцени, изборот падна на холивудската актерка Џенифер Лоренс.

фото: Принтскрин/инстаграм/пансионпреспав/џениферлоренс

Дали на Дритон некогаш ќе му се исполни сонот и ќе застане во кадар со Џенифер останува да видиме, а дотогаш очекуваме да се официјализира стартот на новата сезона на „Преспав“ по која тој стана препознатлив кај публиката.