Радио Милева
бизарен и понижувачки

Ова се условите кои треба да ги исполните доколку сакате да работите за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Ова се условите кои треба да ги исполните доколку сакате да работите за Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон  и принцот Вилијам неодамна објавија оглас дека бараат работник кој ќе им помогне во одржување на домот во палатата Кенсингтон.

Понудата за работа е објавена на официјалниот профил на кралското домаќинство. Секако, постои и кодекс на однесување кој треба да го почитуваат оние кои ќе се пријават.

Важно е да бидат подговтени за патувања бидејќи парот своето време го поминува во резиденцијата во Норфолк.

Но, постои и едно важно правило кое мора да го почитува вработениот. Според зборовите на извор близок на кралското семејство, во кралската палата нема толеранција за озборувањата, а во огласот пишува дека поединците треба да бидат одлични во одржување на дискретност.

Кралската шефица за вработување вели дека постои суптилен предизвик преку кој ќе се одлучи кој кандидат ќе биде вработен.

„Еден од тестовите кои сакам да ги правам за да видам дали кандидатот има око за детали е да ставам мртви муви или во каминот или на килимот. Кога ќе ја ставам мртвата мува го пуштам кандидатот во собата. Го воведувам полека за да му дадам прилика да види што има во собата. Го носам до каминот истакнувајќи дека имаме прекрасен убав камин. Во тој момент очекувам  да ја види мртвата мува и да ја собере. Една од 10 личности ќе ја види и ќе ја собере. Таа личност е идеална за оваа работа“, вели таа.

Британците мислат дека овој тест е бизарен и понижувачки.

Останати вести од Радио Милева