Радио Милева
„Double trouble“?

Ова се последните објави на Боки 13, Сергеј Варошлија и Лила на Инстаграм! (ФОТО)

Ова се последните објави на Боки 13, Сергеј Варошлија и Лила на Инстаграм! (ФОТО)

На 15 јули 2019, како  бомба одекна веста дека менаџерот, кој се претставува и како сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, попладнето беше уапсен на граничниот премин „Богородица“ по налог на Јавното обвинителство Скопје.  Речиси во исто време и главната на СЈО, Катица Јанева ја поднесува својата ковертирана оставка!

Боки 13 заедно со Зоран Милевски – „Кичеец“  се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

Боки 13-ка со лисици на рацете беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и заврши во затворот во Шутка, откако доби 30 дневен притвор.

Покрај медиумите вријат и социјалните мрежи. Шпекулациите не престануваат, особено, по информациите дека при апсењето со „газда Боки13“ во автомобилот биле и неговите блиски пријатели, инаку познати медиумски личности. Едниот водител на ТВ шоу во „неговата“ телевизија, а другата уште попозната ТВ водителка на една национална телевизија.

Не сакаме да шпекулираме за кого се работи, иако веќе многумина ги врзуваат за имињата на „светото“ естрадно ТВ тројство“: „газдата“, „модниот ТВ гуру“ и „првата дама до банкарот“!

Не е тајна дека оддамна се најдобри пријатели, а уште поблиски откако се отвори 1ТВ. Бојан Јовановски, Сергеј Варошлија и Лила Филиповска секој слободен миг го користеа да бидат заедно.

Заеднички излегувања, вечери, појавувања на разни настани, шопинзи, викенди по Охрид, Грција… Телевизиското трио фантастико беше речиси неразделно… Се’ до вчера.

Но, без да преујдицираме или даваме било какви квалификации, ајде само да видиме што напишале, односно кои беа последните објави на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, кој обилно го користеа постирајќи фотографии од своите заеднички дружби Боки 13, Сергеј и Лила, пред „газдата“ да биде лишен од слобода!

Последниот статус на Боки 13 е од пред два дена. Боки од гримиорната го опишал своето расположение, не заборавајќи да го потенцира стилот. И толку… Другото е веќе познато. Оттаму фотографии имаат само камерите на граница!

Сергеј обилно ги користи социјалните мрежи, ама туѓите. На својот Инстаграм не кисне и не го товари секојдневно со нови објави, па оттаму последната фотографија и не му е баш најтазе. Летна, од плажа, со неговото гумено коњче за пливање под мишка, обоено во, за него „вистинските бои“ на виножитото… Пост, отприлика од времето на парадата на гордоста во Скопје.

Само, што по „падот на 1ТВ вождот“,  боите почнуваат некако да се разводенуваат… А, кога ТВ империјата почнува да се урива, целиот свет ќе ти се сврти наопачки!

Лила пак нема ден да не објави по една, две, три… па и повеќе фотографии и понекое видео на Инстаграм. Последната во моментов на излегување на овој текст е од пред 16-ина часа… Водителката седната во луксузен автомобил или џип со кожни светлокафени седишта, објавила „претскажувачко“ селфи…

„Double trouble“ или во превод: „Двојна неволја“ – напишала Лила во постот покрај фотографијата… На каква тоа двојна неволја мислела Лила, останува нејасно?! Јасно е само дека се работи за „неверојатна случајност“, која речиси се поклопува со тајмингот на чинот на апсење на нејзиниот близок пријател – Боки 13!

 

 

Останати вести од Радио Милева