Радио Милева

Ова се последните фотографии на Коби со ќерката Џиана (фото)

Ова се последните фотографии на Коби со ќерката Џиана (фото)

Американски „ТМЗ“ прв ја објави веста за хеликоптерската несреќа во која загина кошаркарската легенда Коби Брајант, а сега ги објави и последните фотографии на НБА-ѕвездата во друштво на неговата ќерка Џиана која исто така беше на кобниот лет.

Џиана имаше голема кошаркарска пасија.

фото:TMZ

На 13 години играше во академијата на Коби и сонуваше да биде негов наследник. Последните заеднички фотографии им се направени во саботата, на турнир во Таузанд Оукс.

фото:TMZ

Коби заедно со Џиана и уште шест други патници во неделата наутро патуваа кон Таузанд Оукс, исто така на турнир, но се случи трагедија. Покрај патниците во хеликоптерската несреќа во Калифорнија почина и еден пилот.

Останати вести од Радио Милева