Радио Милева
гранд топ 5

Ова се најпопуларните песни кои ги пееја натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“: Еве на кое место се најде „Црно и бело“ на Калиопи

Ова се најпопуларните песни кои ги пееја натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“: Еве на кое место се најде „Црно и бело“ на Калиопи
фотo: принтскрин/инстаграм/калиопи букле

За време на 14-те сезони на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, слушавме неколку илјади песни од различни музички жанрови, кои  на свој начин ги донесоа натпреварувачи од цела поранешна Југославија.

Ова е список со петте најпопуларни песни што натпреварувачите ги пееја во „Ѕвездите на Гранд“

Песната „Прекасно“ на Амар Гиле е најпеаната во историјата на натпреварот. Многумина беа зачудени, имајќи предвид дека е млад, неговиот хит е најпопуларен.

На второ место се најде хитот „Онај кој те љуби сретан је“ од Тони Цетински.

Омилена песна на учесниците е хитот на Викторија „Дај не питај“, кој го зазема третото место.

Евровизискиот хит „Црно и бело“ од Калиопи се повеќе е избор на натпреварувачите на популарното шоу и се наоѓа на четвртото место на најпеените песни.

Песната „Доџи да остаримо заједно“  од покојниот Шабан Шаулиќ се наоѓа на петто место.

Останати вести од Радио Милева