Радио Милева

Ова се најновите детали за здравствената состојба на водителката на „Пинк“

Ова се најновите детали за здравствената состојба на водителката на „Пинк“
foto: pink/rs

Водителката на Утринска програма на „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ во четвртокот имаше тешка сообраќајна несреќа откако автобус и ја откина раката.

По незгодата таа беше пренесена во болница каде и беше напрвена операција и докторите успеале да и ја спасат раката.

Според најновите пишувања, Деа почнала да ја чувствува раката која и била откината.

foto: printscreen/pink.rs

На чело на тимот кој се грижи за Деа е еден од најдобрите експерти во медицината, доктор Марко Бумбашаревиќ која  за pink.rs истакна дека здравствената состојба на Деа е одлична.

„Само што се вратив од визита. Само што ја прегледав. Деа се чувствува одлично, психички и физички, а она што е супер што анализите се одлични“ вели докторот.

foto: printscreen/youtube

Тој истакна дека за нејзино оздравување ќе биде потребно време, но дека прогнозите се одлични.

Како што изјави претходно, станува збор за тешка повреда и дека сите елементи на раката биле откинати: и коските и сите мекоткивни структури. Поради тие причини, оздравувањето ќе трае подолго.

„Раката беше испадната, но успеавме да ја сошиеме, што спаѓа во доменот на невозможното.          Од невозможно, направивме возможно“ вели доктор Бумбаширевиќ.