Радио Милева

Ова се деталите за апсењето на братот на Сека Алексиќ

Ова се деталите за апсењето на братот на Сека Алексиќ
фото: Принтскрин/пинк.рс

Неџад Рамиќ, братот на пејачката Сека Алексиќ е уапсен поради сомнеж дека го вознемирувал сопственикот на слаткарница во Стар Пазар.

Наводно, Неџад барал од сопственикот да му исплати 2000 евра.

„Пред некое време, Неџад дојде во локалот и му бараше да му исплати 2000 евра. Бидејќи човекот не знаеше за што станува збор и за каква исплата зборува му кажа да си оди. Меѓутоа, братот на пејачката продолжи да доаѓа. Почна да станува безобразен и груб, да се заканува“ вели извор и додава:

„Последен пат упадна во слаткарницата и му се закани  на сопственикот: „Ќе ми ги дадеш парите или ќе те сместам во „земунци“. Се однесуваше многу безобразно, како оние кои во текот на 90тите години ги вознимируваа граѓаните во Србија“ вели изворот.

фото: принтскрин/иснтаграм

Како што вели тој, сопственикот на слаткарницата не сакал да му даде пари и побарал помош од полиција.

„Отиде во станица и се раскажа. По советите на полиција, сопственикот на слаткарницата на Неџад му кажа дека парите ќе му ги исплати на рати и му закажа состанок за да му ја исплати првата рата од 500 евра. Полицијата ги обележа тие пари и откако жртвата му ги даде парите, се појави полицијата и го уапси братот на пејачката“ вели добро известен извор.

Граѓаните на Нов Пазар велат дека Неџад сака многу безобразно да се понаша и предизвикува страв кај другите.