Радио Милева
„Среќна сум што сум жива“

„Ова е ужасно и трагично“: На пејачката и изгоре куќата до темел

„Ова е ужасно и трагично“: На пејачката и изгоре куќата до темел
фото: принтскрин

На пејачката Наталија Килс и изгоре куќата до темел, а по тој повод се огласи на социјалните мрежи.

„Овој викенд јас и мојот сопруг доживеавме пожар, и тоа не било каков туку пожар поради кој мораа да бидат ангажирани 200 пожарникари и за кој беа потребни 12 часа да се изгаси“, откри Наталија.

фото: принтскрин

„Изгубивме се’ што имавме, но за среќа нашиот сосед успеа да го спаси нашето куче Бамби. Сега почнуваме од почеток, но заедно. Се ова е ужасно и трагично, но нема да биде лесно бидејќи зад себе оставиме година одбележана со пандемија со коронавирус, но и покрај се тоа чувствувам среќа што сме живи. Им благодарам на пожарникарите кои го жртвуваа својот за да спасат туѓ живот. Им благодарам на пријателите и роднините кај ќе може да спиеме додека немаме свој дом“, додава пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cruel Youth (@cruelyouthxo)

Потсетување, нејзината кариера беше прекината за време на нејзино однесување во „Икс фактор“ кога навреди кандидат до толкава мерка што членовите на жирито ја исфрлија од натпреварувањето. Потоа, таа се повлече од јавноста, па по некое време започна да настапува под друго име – Теди Синклер.

фото: принтскрин

Останати вести од Радио Милева