Радио Милева

Ова е станот на Марија Шерифовиќ во Лос Анџелес од 300 000 долари

Ова е станот на Марија Шерифовиќ во Лос Анџелес од 300 000 долари
фото: соња спасиќ/приватна архива

Пејачката Марија Шерифовиќ во последните три години живее на релација Белград – Лос Анџелес каде што има стан од 100 квадрати.

Шерифовиќ неколку пати досега неколку пати истакна дека сака да се пресели да живее во Лос Анџелес, па дури и размислуваше да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ бидејќи сака почесто да оди во Лос Анџелес.

Српскиот портал курир.рс објави фотографии од станот на Марија во Америка, а кој чини 300 000 долари.

фото: Курир

Станот се наоѓа во мирно место во Лос Анџелес, а има голема дневна соба со кујна, бања, спална соба и двор.

„Марија во Америка има многу пријатели, а еден од нив и помогна да најде стан во Лос Анџелес  и тоа на локација каде што сакаше Марија. Не сум сигурен дали таа е сопственик или живее под кирија.Знам дека го реновираше и го уреди по своја желба. Фотографиите кои ви ги пратив се пред нејзиното вселување. Не знам како сега изгледа,но сигурно ексклузивно и многу подобро уредено“ вели соговорникот и додава дека Марија е одлична сосетка.

фото: Курир

„Фина е и културна. Никогаш не вознемирува, го почитува куќниот ред. Овде луѓето си го гледаат својот живот, а само оние кои се од Србија знаат дека е музичка ѕвезда. Кога некој ќе ја препознае, знае да поразговара и да се фотографира“ вели изворот.

фото: Курир

Марија има изјавено дека сака да се исели од Белград и да живее во Лос Анџелес.

Останати вести од Радио Милева