Радио Милева
непознат за јавноста

Ова е синот на Дино – Мерлин (ФОТО)

Ова е синот на Дино – Мерлин (ФОТО)

Дино Мерлин со неговата сопруга Амела, со која во минатото не му давале да се ожени, ги има синот Хамза и ќерка Наида, но за нив во јавноста малку се знае. Имено, тие немаат јавни професии и никогаш не им се допаѓало да се шлепуваат низ медиумите покрај својот татко.

Хамза Дервишхалидовиќ има дваесет и шест години, се школувал во Берлин и студирал Менаџмент и политички науки во Истанбул. Иако медиумски не се експонира, Хамза е меѓу тимот на луѓе вклучени во сите проекти во врска со неговиот татко.

Она што е исто така интересно е колку личи на татка си, што може да се види од фотографиите на Дино Мерлин од неговите помлади денови.

„Наида е родена кога ја започнав кариерата и доживеав сè во младоста – од сиромаштија до, метафорички кажано, „кавијар и шампањско“. Навикната е на скромен живот, па во една пригода кога ја прашав што да и донесам од Париз и Њујорк, ми одговори:

“Тато, ти благодарам, имам сè. Само што е можно поскоро се врати дома“ – рече Дино во една пригода кога даваше интервју, иако дури и тогаш се виде дека не сака многу да открива за своето семејство.

Пејачот еднаш рече дека пораснал без татко и дека неговата мајка патела низ животот.

„Мајка ми беше несреќна и само зборуваше за човекот што ја напушти, кој не ја сакаше, а тоа беше татко ми. Тоа е трагична ситуација, кога навистина сакаш некого кој не ти ја возвраќа љубовта. А мајка ми беше омилена кај сите, знаеше да позајмува пари за да им помогнеме на другите. Таа беше таа – бајпас за другите“ –  ќе изјави пејачот.

„Таа не е материјално заинтересирана, за разлика од нејзиниот помлад брат. Кога се роди Хамза, ние веќе немавме никакви егзистенцијални проблеми и тој се навикна јас и жена ми Амела да му  приуштиме се што ќе посака. Кога го прашав што му треба, тој не чекаше да јазавршам реченицата и веќе имаше список со нарачки“ – истакна еднаш популарниот Дино.

Останати вести од Радио Милева