Радио Милева

Ова е реалност: Папарацо фотографии од поранешниот ангел на „Викторија сикрет“, први откако ги извади силиконите (фото)

Ова е реалност: Папарацо фотографии од поранешниот ангел на „Викторија сикрет“, први откако ги извади силиконите (фото)
фото:криси тајген/инстаграм/принтскрин

Сопругата на славниот пејач Џон Леџенд (41) ужива на одмор со семејството во Кабо Сан Лукас, каде што беше фотографирана од папараците кои пренесоа реална слика за тоа како таа изгледа навистина.

Криси Тајген (34) носеше црвено-бело бикини, опуштена и со добро расположение, со заштитна крема на лицето, издание што не им го покажува на своите следбеници на Инстаграм, од кои има дури 30,5 милиони.

фото:криси тајген/принтскрин/инстаграм

Поранешната манекенка и член на „Ангелите на Викторија“ ги покажа „новите“ гради, откако ги извади силиконите што ги „погребала“, како што изјави неодамна.

Јасно може да се види дека таа не изгледа така совршено како на оние фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи, а реалноста е нешто поинаква.

фото:„profimedia/backgridUSA“

Криси неодамна ги намали градите, а по раѓањето на две деца, тие според неа „виселе“без убав облик.

фото:„profimedia/backgridUSA“

– Тие беа одлични многу години и ја завршија својата работа, но јас само сфатив дека е време да ги тргнам. Не можам да дочекам конечно да го облечам фустанот, да спијам на стомакот со целосна удобност. Нема повеќе големи гради! Но, не грижете се, сè ќе биде добро. Јас сепак ќе имам гради, но тоа ќе биде вистинска ослободување од „торба со маснотии“,- истакна поранешниот модел пред операцијата.

Останати вести од Радио Милева