Радио Милева
иста мајка...

Ова е мајката на македонската фолкерка: Татјана е „плукната“ Снежана (ФОТО)

Ова е мајката на македонската фолкерка: Татјана е „плукната“ Снежана (ФОТО)

Пред пет години познатата музичка фолк двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски одлучија да ја напуштат Македонија и да се преселат во далечната Австралија, каде неодамна се вселија и во новиот дом во Мелбурн во кој живеат со синовите Стефан и Петар.

Татјана и Новица важат за една од најкомпактните двојки на естрадата, вистински доказ дека партнер од иста професија и тоа како може да биде предност, а не маана. Музиката ги спои и сѐ уште изгледаат вљубени како на почетокот на нивната врска.

„Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна“ – се потсети Лазаревска, честитајќи му го роденденот на својот сакан Новица, на две одделни фотографии: едната семејно со синовите, на другата сами тие двајца!

Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична. Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ фалат нејзините најблиски.

Во Скопје остана да живее и нејзината мајка која неодамна ги посети за да помине малку повеќе време со внуците.

Татјана наликува на мајка си Снежана која покажа дека има иста фризура како славната ќерка: кратка коса со впечтлива црвена боја и изгледа одлично за годините.

Впрочем, ако подобро ги погледнете мејката и ќерката, особено на фотографиите на кои пејачката има иста боја на коса и фризура како мајка и, станува повеќе од јасно дека Татјана е „плукната“ Снежана!

 

 

Останати вести од Радио Милева