Радио Милева
не сум бремена, само сум дебела

Ова е истата таа Тијана Кадовиќ: Несудената „Гранд ѕвезда“ на снимање доаѓаше со трајлер, телохранители и свита стилисти, а сега не личи на себе (ФОТО)

Ова е истата таа Тијана Кадовиќ: Несудената „Гранд ѕвезда“ на снимање доаѓаше со трајлер, телохранители и свита стилисти, а сега не личи на себе (ФОТО)

Иако не мина во финалето, минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ сигурно ја обележа таа – Тијана Кадовиќ.

За нејзиното доаѓање со трајлер на снимање, заедно со својата свита составена од фризери, шминкери, стилисти и цела друга група на соработници, пишуваа сите регионални медиуми, а по завршувањето на натпреварувањето исчезна без трага…  Ја немаше цели два месеци, што е изненадувачки, бидејќи летната сезона обично  пејачите ја користат за настапи и промоција зашто интересот за нив тогаш е во полн замав.

Сепак, по два месеци целосна тишина, без објави за социјални мрежи или појавување во ТВ емисиите, Тијана конечно се појави.
Имено, Кадовиќ објави фотографија во бикини на која да не знаете дека е таа, гарантирано нема да ја препознаете. Без шминка, сосема поинаква, со очигледен вишок  килограми што ги накачила за време на летото.

Драги мои, тука сум! Дали ви недостигав? Жал ми е да не сте информирани за тоа каде сум, што сум јас, која сум, што  јадев и што го пиев, но јас бев на долг одмор, во секоја смисла, бидејќи … да речеме, беше во можност. Наусо, се одморив, проведов, науживав, и како што можете да видите,  изедов се’,  освен Бамби! Значи, информација за поединци:  не сум бремена,  само сум дебелааааааа!“ – пишува несудената „Гранд ѕвезда“, додавајќи дека летово се здебелила 10 килограми, но веќе се фрлила на диета.

Фото: Тијана Кадовиќ промо/Инстаграм